Два змеја
Имало два змеја, еден наш и еден грчки. Грчкиот змеј се заљубил во сестрата на македонскиот змеј Јана.
И така еден ден македонскиот змеј излегол од дома во редовна прошетка каде што требало да оди. Кога се вратил дома го нашол грчкиот змеј. И почнале да се тепаат меѓу себе без оружје. Македопнскиот змеј бил посилен и го победил грчкиот змеј. И кога борбата била завршена сестрата на македонскиот змеј му го извадила гашникот (ременот) на брат и, така се сплеткал македонскиот змеј но сепак успеал да победи. Тогаш сестра му почнала прудолу да бега. Змејот почнал да ја брка. На патот имало рало и змејот зел со ралото да фрли по сестра му, не ја погодил, а на местото каде што паднало ралото и денес се вика Рачкоец, заради рачките од ралото. Потоа змејот по сестра му фрлил со некој пласт, па не ја погодил, па фрлил со некоја плоча, и денес има место кое се вика Јанина плоча, тука ја отепал.
И денес се знае местото каде што во ливадата има длабока каде што живеел македонскиот змеј се вика песова пештера, висока е околу еден метар и е пространа просторија, никој не знае колку е длабока.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014