Змејца - с. Градешница

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Змејца е една пештера во реонот на мариовското село Градешница Местото некогаш се викало и Змејова дупка.

На Петровден тука, во пештерата има и снег и мраз. Старите се спуштале со гранки во пештерата и земале мраз. Во пештерата некогаш живеел змеј. Тој имал жена која се викала Јана Под пештерата, во месноста Добро поле имало езеро во кое живеел друг, воден змев. Двајцата змејови не се поднесувале и постојано се карале. Оној од езерото, кој бил помлад и поубав, постојано му викал на другиот змев: "Ти се криеш како пес во пештерата! Излези ако си маж!", а овој му викал на водениот змев: "Ти лежиш во тиња како свиња!" и еднаш почнале да се бијат. Се тресело се наоколу. Водениот змев паднал на земја и тогаш Јана, која брзо се вљубила во него, на мажа си му стапнала на појасот за да го спаси. Но се исплашила и летнала да бега. Имала крила и брзо летала. Мажот и фрлил со дрвена рачка за да ја удри, но не ја удрил. Рачката паднала на местото што сега се вика Рачковец, по дрвената рачка на змејот. Јана летала натаму и видела црвени дренки како светат на сонцето. Посакала да касне и слетала над дренот. Нејзиниот маж - змеј кренал голема плоча и ја фрлил врз неа Јана останала мртва под плочата Плочата и сега постои и народот ја вика Јанина плоча. Плочата наликува на гробница и кај народот постои пиетет кон убавата и несреќна Јана Никој не ја оскврнува и никој не јаде од дренките кои и сега ги има наоколу. Гледаме дека и оваа легенда ја сочинуваат три легенди. Првата е за двајцата змејови, втората за месноста Рачковец и третата за Јанина плоча.

Дoне Панoвски, Лагенди oд Мариoвo и Меглен, oбјавненo вo Збoрник, Фoлклoрoт и етнoлпгијата вo Мариoвo и Меглен, Прилеп 1994 гoдина, 113 стр.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014