Итар Пејо

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Трајко Огненовски посветен на проучувањето на ликот на Итар Пејо трагајќи низ светската и македонската литература открива дека ликот на Итар Пејо

се спомнува уште во 1862 година повикувајќи се на информациите дека најголемите собирачи како Шапкарев и Цепенков во исо време 1862- 1865 година ги собирале приказните за Итар Пејо.
Според народните кажувања Итар Пејо бил роден во с. Градешница -Мориовско. Нашите напори да пронајдеме докази, од документарен и материјален карактер, беа неуспешни. Во с. Градешница има жители кои сметаат дека се потомци на Итар Пејо, но тоа е само што им кажувале нивните дедовци и предедовци. Тодор Гулевски, актуелен градоначалник на општина Старавина (1996 година) тврди дека лично тој е пра правнук на Итар Пејо, дури и го покажува гробното место на итроманецот. Неговите тврдења одат до таму што тој „ги знае" имињата на потомците на Итар Пејо - синовите и ќерките, како и внуците и правнуците. Најголема грижа на пра-правнукот е да направи споменик на Итар
Пејо токму во неговото родно село Градешница, како што вели, за да се знае и памети дека овој итрец се родил и израснал токму на мориовските простори.
Појавата на Итар Пејо во Мариово не е случајна. Оваа флотантна група е позната по својот весел карактер, итрост, знајност и умешност, да се искажуваат со јазикот на хуморот. Тоа го потврдува и Војислав Радовановиќ во записот: „Луѓето се познаваат по зборо!" како мајката ја подучува својата ќерка да ги распознава луѓето „... а ако лаги и смешки прикажуваат, ако се шага бијат и мајтап прават мајтапчие, и ако пцуват и мислат страмотно, никој друг' народ не мож' да биди тија се Маријовци!"
Итар Пејо е типичен претставник на селската итрост и мудрост, спротивно на Настрадин - оџа - одраз на градската и духовна моќ. Во времето на појавата на Итар Пејо македонскиот народ, главно, живеел по селата, кој, по својата духовност, итрост, знаење и сфаќање бил типичен македонски селанец.

Трајкo Огненoвски, Нарoдниoт хумoр и смеата, ДНУ Битoла, 1999, 319 стр.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014