Како селото Градешница го добило своето име

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Градешница како место се формирало од две други населби.

05-gradesnicaИмено после несреќата и уништувањето на градот Пешта, дел од нив заминале во селото Бешиште, а дел од нив се доселиле во деншната Градешница, односно се населиле во нејзиното Долно мало. Во месото кај Светецот, односно местото Лешница, имало населба, село од неколку куќи. Но нив често ги напаѓале варвари, и тие бегајќи од варварите се доселиле во денешна Градешница, во делот под реката, кој се вика Габер маало, па таму немало доволно место и се преселиле во горното мало кое се вика Ѓуровско мало.. Па така бидејќи ова место го сочинувале жители од градот и кои живееле во областа Лешница добило заедничко име Градешница.

Раскачувачи: Стефан Ковачески 71 година, Бојковски Трајко 66 години -с.Градешница, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014