Змејот што ги чувал лозјата
На местото викано Тумба на крајот од селото се верува дека имало Змеј кој ги чувал, лозјата, нивите, шталите, имотите на селаните од ламјата.
Секој ден луѓето на змејот му носеле погачи и вино за да ги чува.
Имотите му биле зачувани, а храната и виносто секое утро биле изедени и испиени.
Оваа легенда до сега ја немаме сретнато во книгите, a е позната меѓу народот.
Раскажувач: Бојковски Трајко 66 години од с. Градешница, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014