Каменот на арамиите

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Порано кога имало многу арамии низ мариовско особено во делот на Градешница и Бешиште

и кога ги пљачкале селата сите пари што ги собирале ги носеле под еден голем камен кој се наоѓа сега на грчка територија, карпа голема како Стог, црвен камен. Ги ставале парите под неа, а секога оставале еден од арамиите да ги чува парите и тука се собирале и ги делеле парите.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014