Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Трева што бега

Тревата што бега е составена од два дела. Ако не се наберат во исто време може да не се состават.

Легендата вели дека ако го набереш едниот дел и го оставиш во колибата, па потоа го набериш вториот дел, кога ќе дојдиш со него во колибата може првиот да го нема и затоа се вика трева што бега. Оваа трева се наоѓа во одредено време од годината и на одедено место. Тоа место е горе на врвот Кајмакчалан, на друго место никаде нема таква трева. И оваа трева може да се најде еднаш на 10-15 години. Оваа трева штити од сите болести, од сите негативни појави, од куршуми, кога леташ со авион и дава долговечност односно го запира стареењето. Како илустрација за нејзината моќност е примерот од Првата светска војна. Имено на фронт заминувале 30 жители од Градешница и војуваат едни на една, едни на друга страна. Од фронтот живи се враќаат само тројца што ја носат таа трева како амјалија. И денес има човек кој ја познава оваа трева и само тој кажува на кого треба да му се даде од тревата. Ристе Момоковски ја има оваа трева. Треба да се каже дека од таа трева има добиено и поранешниот амбасдадор на САД во Македонија Лоренс Батлер. Требало да му дадат и на поранешниот претседател Борис Трајковски, ама човекот што требало да му ја даде не дошол. He се прави чај од оваа трева.

11-trevata-sto-bega

Вака се носи Тревата што бега како амајлија

Раскажува: Ристе Момоковски кој потекнува од мариовското село Градешница, поранешен градоначалник на општина Старавина, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014