Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Мостот во Зовиќ

Bo 1950 година во Зовиќ над реката имало дрвен мост кој не бил многу сигурен и бил тесен.

Еден ден очувиот на Милан Маркоски, Трајкоски Велко, дошол да го помини мостот со колата со воловите и со синот Најдо Најдоски, братот на Милан, а доаѓал од селото одел кон полето.

14-mostot-vo-zovik

Кога дошол на средината на мостот се скршил мостот и тој паднал во реката. Веднаш под мостот има воденица. Воденичарот со уште двајца истрчале и го извадиле човекот и воловите. Човекот го однесле во болницата во Битола, а воловите ги однесле до неговата куќа која била на влезот на селото и бидејќи биле повредени ги заколиле. После тоа морало да се направи мост. Мостото го ѕидал мајсторот Ѓуладин, а цело село носело камен за да се изѕида. Тогаш Зовиќ имал многу жители и се донесле многу дрва и цел мост бил шелуван. Требало мостот да се доврши од страната на Зовиќ, требало да се изѕида уште малку, ама воденичарот побарал да не се ѕида тука бидејќи ќе му се земел патот, па тој ветил дека ќе го доѕида и така до денес останал тука недоѕидан. Мостот е изграден 1954-55 и висок е 15 метри.

13-milan-markovski-zovik

Раскажувач: Милан Маркоски 77 години, с. Зовиќ, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014