Името на Старавина
Имало во Старавина стари лозја, ова било погодно место за лозје. Грозјето се обработувало во природни камења за вино.
Односно биле издлабени камењата, направени како корита за вино и напарвени камења за цедење на вино. Претежно стари лозја, старо вино. Оттука е името на Старавина.
И денес се најдуваат шишиња со старо вино.
Раскажувач: Пеце 39 години, с.Старавина, запишал Игор Тасевски, јануари 2014 год.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014