Калеш Анѓа

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Селото Старавина е најпознато според локалната хероина Калеш Анѓа.

Оваа легенда можеби живеела низ народот, но неа ја овековечил и зачувал познатиот македонски писател Стале Попов кој напишал и книга за оваа хероина.
Моментно во Старавина има малку жители, триесетина. Низ разговорите со нив тие кажуваат дека нивното село доживеало неколку пати да биде рушено, a со тоа и куќите биле преградувани. Се знае само дека Калеш Анѓа потекнувала од фамилијата Сирмевци, кои што живееле во ова маало, па кај локалното население оваа куќа е позната како „Куќата на Калеш Анѓа"
Според преданието, турскиот бег шетајќи низ полето ја здогледал преубавата Анѓа, и сакал да ја земи за во својот харем. Таа несакала да се потурчи. Таа насила била грабната и однесена кај турскиот бег во Прилеп, кој ја барал за себе. Жителите на мариовските села, обединети и разгневени од настанот, отишле во Прилеп, го нападнале домот на турскиот бег ја ослободиле и ја вратиле Анѓа дома. Потоа се засолниле во тврдината Пешта, која се наоќала на радиот над селото, во која живееле под опсада цели десет години. Откако турците успеале да ја грбнат Анѓа и ја однесле во Инстанбул. Но таму таа се сретнала со својот брат Анѓеле кој бил дел од војската на султанот, а кој како дете бил земен од јаничарите. Се препознале по белегот на ногата и тој ја вратил назад во селото.
17-kales-angja
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014