Село Зовиќ

Категорија: Села - Villages - Χωριά

Зовиќ е село во Општина Новаци кое се наоѓа на 725 метри надморска височина.

Селото порано било околу 500 метри пред сегашнота локација и се викало Лениште. Меѓутоа за време турското владеење тоа било опљачкано и запалено па жителите на селото било принудени да се селат на друго место и така било населено денешното село Зовиќ.
Името на селото е добиено најверојатно по името на една чешма која се наоѓала во денешно Зовиќ, а селаните на тогашно Лениште ја викале Бзовиќ поради тоа што околу неа имало многу боз, што претставува основа на денешното име.

zovik-mariovo-01

zovik-mariovo-02

zovik-mariovo-03

zovik-mariovo-04
Во селото има две цркви и тоа: Св.Никола и Св.Атанас, но сепак Зовиќ е најпознато по мостот на Градешка Река.
Според пописот од 1953 година во Зовиќ живееле 356 жители, но денес живеат само околу 30- на жители.
Зовиќ заживува за време на празникот Митровден кога е и слава на селото. Во Зовиќ се одржува и „ Зовичка средба“ кога се собираат иселените жители на селото и тој денес Зовиќ е полно со луѓе како на времето.
Но исто така во последните години може да се каже дека се повеќе иселени жители на селото се враќаат и ги обновуваат своите стари куќи и ги претвораат во викендици.

Текст: Владимир Кузманов

made with love from Joomla.it