Тврдината Пешта

Категорија: Туристички дестинации - Tourist destinations
pesta

Над клисурата на Градешка Река на 919 метри надморска височина помеѓу селата Градешница и Старавина на 52 километри од Битола се наоѓа Тврдината Пешта.

pesta-02

pesta-03

pesta-04

Остатоци од Тврдината Пешта

Постојат докази дека Тврдината Пешта постоела уште од римско време и дека за време на Римската Империја во неа имало стационирано војска.
Историјата на Тврдината Пешта е тесно поврзана со Мариовската буна од 1564/1565 година. Имено, ослободувањето на Калеш Анѓа од домот на кадијата која претходно била заробена претствувало повод за почеток на борби помеѓу отоманската војска и жителите од мариовксиот крај позната како Мариовнска буна која се одвивала во непосредна близина на Тврдината Пешта.
Откако бунтовниците од Мариово пружиле доста жесток отпор против отоманската војска тие биле заобиколени од сите страни од многубројната отоманска војска па биле приморани да се повлечат на Тврдината Пешта.
Борбите продоложиле и понатаму но Турците не можеле никако да ја освојат оваа тврдина. Но, клучниот момент кој донесол успех за Турците е кога тие го лоцирале подземниот канал кој ја снабдувал Тврдината Пешта со вода.
Според едно предание, во тоа и помогнала  една баба која била приморана да и помогни поради тоа што нејзиниот маж бил тепан од Турците. Таа и рекла да земат неколку коња да ги чуваат неколку дена и ноќи без вода и потоа да ги одведат кај тврдината и тие самите ќе го најдат местото.  
Турците ја послушале бабата, направиле така и успеале да го пронајдат подземниот канал и да го прекинат снабдувањето со вода на тврдината. После оваа итрина од страна на Турците дел од востаниците заедно со жените и децата биле земени во заробеништво, а пак дел од нив храбро се бореле до смрт.

После оваа буна животот во Тврдината Пешта запрел и таа останала на милост и немилост на времето, а дополнително за време на Првата светска војна оваа тврдина била бомбардирана и затоа денеска останати се само остатоци од некогашната тврдина кои сведочат за нејзиното минато.

Текст: Владимир Кузманов

made with love from Joomla.it