Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Lhi-Lna 2

Категорија: Lhi-Lna 2

Градоначалниците на Општина Новаци и Општина Алмопиа, Лазар Котевски и Димитрис Бинос, потпишаа Договор за партнерство на почетниот состанок кој  се одржа во салата во Општина Новаци a со кој се означи почетокот на имплементацијата на продолжението на Проектот „ Жива историја, жива природа 2“.За реализација на проектот општина Новаци располага со буџет во износ од 293 000 евра добиени од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013.

„ Проектот  „Жива историја жива природа 2“  е само доказ како историјата и природата може да поврзуваат и како може одлично да се соработува. “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Овој проект е продолжување на  „Жива историја жива природа 1“ со кој беше направена  санација на мостот во Зовиќ, црквата св Димитрија во Градешница како и куќата на Калеш Анѓа во Старавина. Исто така беа обележани патека на природните убавини, историското наследство и комбинација од двете, направена беше уметничка програма, дигитална изложна, изработени беа две дата бази на податоци, поставени клупи и знаци и дру. Со новиот проект ќе се продолжи со вакви слични активности  информираше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Со овој проект имаме завршување на активности на цркавата Св. Димитрија во с. Градешница, комплетно уредување на рекреатвниот парк  на река Коњарка, каде ќе биде  добро излетничко место за нашите жители, деминирање на патека во Мариово, поставување на знаци и клупи, обележување патеки, организирање школа за фотографија, работилница за туристички работници , тура за планинарење, возење велосипед и мото тура.“ , изјави Котевски.

Со проектот ќе бидат опфатени активности поврзани со културното наследство , црквите и манастирите од двете општини. Проектот ќе се реализира со средства од европските фондови за прекугранична соработка .