Магарешки трн – Onopordon acanthium

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Магарешкиот трн е цветно, двегодишно растение со груби боцкави листови и карактеристични жилести стебленца.

Цветовите се во форма на црвени соцветија на врвот на гранките. Растението р’ти на есен после првите дождови, додека пак цветовите излегуваат на лето и се со темнорозова боја. Оваа вилка вирее во предели каде што има суви лета, а расте како плевел во напуштени места, покрај патишта и ниви и до 2000 метри надморска височина. Магарешкиот трн има и лековити својства, пред се се користи за при болести на бубрезите и мочните патишта, ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб и ги зајакнува жлездите. За оваа намена се користат цветовите и лисјата од билката. Магарешкиот трн уште се користи и за прочистување на крвта од маснотии, за лекување на рак на кожата и рани што тешко зараснуваат.

03

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски