Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Малина-Rubus idaeus

Малината е растение кое спаѓа во видот на грмушести растенија, со висина на стеблото до 2 метри.

Стеблото и листовите се обраснати со трња, лисјата се со срцеста форма и зелена боја, цветот има бела боја, а плодовите се црвени и доста вкусни и ароматични. За неа може да се рече дека е овошје на планинските реони, каде што другите земјоделски култури потешко или никако не успеваат. Таа е отпорна на зимските мразеви. Малината е овошје со висока хранлива,диетална и лековита вредност. Како лек се користат исушените лисја и плодовите, кои се богати со органски материи,витамин Ц, провитамин А, етерични масла и други корисни материи. Во народната медицина малината се користи во вид на чај, кој помага при настинка, грип, намалување на телесна температура, при дијареја, бактериски заболувања на стомакот, болести на бубрези и мочен меур, а ја користат и бремените жени затоа што се смета дека го олеснува породувањето. Исто така малината влегува во состав на мешавини кои се користат за лечење на кардио-васкуларниот систем, цревата и желудникот, при менструални и хормонски пореметувања и авитаминоза. Во поново време се истражува и нејзината делотворна моќ и врз малигните ќелии.

07-malina

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски