Морач – Foeniculum vulgare
Морачот е повеќегодишно зељесто растение, со шупливо стебло.
Листовите се голи и пердувести со зелена боја. Цветот е со темножолта боја, додека плодот има жолто-зеленкаста боја и е со јајчеста форма. Ова растение има потекло од бреговите на Медитеранот, но неговата распространетост е се поголема во многу други делови на светот, особено на сува почва во близина на речни брегови, на запуштени места, а може и да се одгледува. За лек се користат семето и листот на морачот и се користат при болки, ревматизам и конјунктивитис. Ова растение уште се користи при тешкотии со варењето на храната, гасови, дијареја, го поттикнува исфрлувањето на камен од бубрегот и претставува благ деуретик.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски