Невен – Calendula officinalis

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Овај преубав цвет има разгрането и влакнесто стебло со висина до 50 cm, долги листови и крупни цветови со портокалово – жолта боја.

Расте и се одгледува во градини и бавчи, но може да се најде и покрај патиштата. Уште од дамнешни времиња невенот е познат лек за многу болести на кожата како што се изгореници, рани кои тешко заздравуваат, акни, брадавици и многу други кожни билести. Поради неговото антисептичко, антигабично и антибактериско дејство како и поради богатата содржина во неговиот состав невенот се смета за универзално средство за решавање на кожните проблеми. Лековитата способност на невенот е многу голема, тој уште се користи и кај проширени вени, хемороиди, астма, вагинални инфекции, воспаленија на очите, има својство да ги обновува слузниците, па затоа се користи при чир на желудник и ранички во устата. Исто така делува на релаксација на мускулатурата, односно ги намалува грчевите. Поради неговото антиканцерогено дејство невенот се повеќе зема замав во борбата со малигните заболувања. Невенот се употребува и при лекување на жолчката, црниот дроб, при заразна жолтица, а благодарение на содржината на провитамин А, има корисен ефект за очите и го подобрува видот.

03-neven

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски