Рузмарин – Rosmarinus officinalis

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Рузмаринот спаѓа во групата на дрвенести многугодишни растенија, има разгрането стебло со исправени гранки високи до 2 метри, а лисјата се долги до 4 сантиметри и многу тенки.

Ова растение е добро позната медитеранска билка која од секогаш била ценета поради тоа што ја зголемува концетрацијата и ја подобрува мозошната активност. Во современата медицина рузмаринот често се користи како благ анелгетик против мигрена и проблеми со варењето. Исто така билката се користи за подобрување на апетит против болести за жолча, желудник и црева, за намален крвен притисок  и болести на дишни патишта. Надворешно се употребува против ревматизам, рани , чиреви и опаѓање на косата.

17-ruzmarin

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски