Тегавец – Plantago lanceolata

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Има повеќе врсти на тегавец(тесен,среден и широк) и сите се многу лековити.

Тегавецот е билка која луѓето ја употребуваат уште од најстари времиња. Се среќава во скоро секој двор, по ливадите и шумите, односно не се потребни посебни услови за опстанок. Лисјата кај тегавецот се широки јајчести поради што уште се нарекува и “широколистец”. Листот на тегавецот дејствува против разни воспаленија на кожата и слузокожата, кај рани што крварат и е одличен природен лек за лечење на дишните патишта. Има антифламаторно, аналгетично, противмикробно дејство. Чајот од тегавец се употребува против туберкулоза, астма, чир на желудни и дванаесетпалачно црево. Се препорачува при неплодност, полова слабост и почетен дијабетес. Исто така се корисити и за плакнење на устата и парадонтоза.

21-tegavec

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски