Тиква – Cucurbita pepo

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Тиквата е едногодишно растение со ползаво стебло до 8 метри на кое има боцки.

Лисјата кај тиквата се големи и срцести со долги дршки. Цветовите имаат жолта боја, а плодот е голем и тркалезен со портокалова или жолта боја. Во плодот на тиквата има семе кое ‘ртливоста ја задржува 3-4 години. Плодот од тиквата содржи шеќери, белковини, витамини и минерали па затоа го зајакнува видот, го подтикнува растот на децата, ја одржува функцијата на стомакот и цревата и го зајакнува имунитетот. Богатата содржина на витамин Е во тиквата го подобрува здравјето на кожата, штити од Алцхајмерова болест и некои видови на рак.Богата со корисни состојки е исто така и семката на тиквата па затоа маслото од ова семе помага при болести на простата и камен во бубрезите.

23-tikva
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски