Троскот – Polygonum aviculare

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Троскотот е едногодишна зељеста билка чии жилави стебленца ползат по земјата и достигаат должина до 60 цм.

Има ситни долгнавести лисја, цветовите се бледо-розеникави и многу ситни. Троскотот расте насекаде, во ниви, лозја и ливади. Чајот од троскот се употребува пред се како благо средство за лечење на органите за варење, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, дијареа и повраќање. Оваа билка уште се користи при крварења на внатрешни органи, особено бели дробови и матка и хемороиди, а надворешно се користи за габични инфекции на кожата.

27-troskot

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски