Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Цикорија – Cichorium intybus

Цикоријата е билка која има траен и вретенест корен, круто и исправено стебло и достигнува висина до 1,5 метри.

Листовите на билката се долгнавести и ланцетни, а цветовите се големи и светло-сини и цветаат преку целото лето. Расте секаде како плевел најчесто покрај патишта, по ливади и пасишта, во близина на шуми и други места. Во народната медицина оваа билка е позната како лек за црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитет, анемија, а има и огромна моќ за намалување на нивото на шеќер во крвта. Уште се користи за прочистување на крвта и регулирање на метаболизмот, односно го подобрува варењето на храната, ги чисти бубрезите, лечи жолтица, а чајот од цикорија помага при несоница и депресија.

29-cikorija

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски