Црвен кантариот – Centaurium erythraea

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Името на ова растение потекнува од латинските зборови centum – стотина и aurum – злато, што значи лек што вреди како злато.

Црвениот кантариот е 1 годишно растение виско околу 50 цм со исправено стебло, при врвот разгрането. Листовите се поставени во розета и имаат јајцевиден облик кои се разретчуваат кон врвот на стеблото. Цветот е со црвено-розева боја, жолти прашници, ситен поставен на врвот на растението. Оваа билка се сретнува во низини и на планински места, покрај шуми, на пасишта и на ливади. Од оваа билка за лек се користи надземниот дел кој има горчлив вкус па затоа и поседува аперативно дејство кое помага за лекување на желудникот, цревата и жолчката. Црвениот кантариот се користи за смирување на стомачни тегобил, стимулира излачување на желудочен сок, го подобрува апетитот и крвната слика и му дава одбранбена моќ на организмот.

31-crven-kantarion

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски