Чувар куќа – Sempervivum tectorum

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Оваа билка расте до 50 цм во ширина во форма на розета.

Листовите зе зелени а на врвовите со розево-црвена боја а цветовите се наоѓаат на врвот на стеблото и имаат црвенкаста боја. Расте на песоклива и умерено плодна почва, на планините а може да се одгледува и како декоративна билка. Во народната медицина се употребува сокот од листовите поради неговите анти-инфламаторни, диуретични својства, уште се користи при болка во ушите, за лечење на рани, опекотини, при висока температура и крварење од носот. Свежите листови од оваа билка се користат за третирање на изгореници, чиреви, хемороиди и други типови воспаленија.

39-cuvar-kukja

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски