Шумска јагода – Fragaria vesca

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Шумската јагода расте на ридовите покрај шумите, покрај патишта и слично.

Таа е повеќегодишно зелјесто растение, листовите се со долги рачки на кои се наоѓаат 3 помали листови во група, цветот е со бела боја, а плодот е вкусна црвена јаготка. Како природен лек се користи плодот и листот. Плодот е богат со витамини и минерали и е природен лек за многу заболувања како што се артериосклероза, кардиоваскуларно заболување, висок крвен притисок, се употребува за јакнење на срцето, за подобрување на функцијата на бубрезите,  се користи како природен лек против запек, чиреви на желудникот.

43-sumska-jagoda

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски