Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Леска – Corylus avellana

Леската спаѓа во родот на листопадни дрвја и големи грмушки и достигнува висина до 5 метри.

Листовите се заоблени со назабени врвови, а цветовите во форма на пупка или реси кои излегуваат напролет пред разлистувањето. Плодот е лешник во твда обвивка. Леската расте на влажни места покрај шуми и на повисока надморска височина. Во народната медицина како лек се користат сувите лисја, кората и плодот од леската. Чајот од леска се употребува за лекување на зголемена простата, ја подобрува циркулацијата на крвта, за лекување на проширени вени, хемороиди и дијареа.

49-leska

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски