Брнички водопад

Категорија: Природни убавини - Natural Beauties - Φύση

На околу 30 минути пешачење во близина на селото Брник се наоѓа Брничкиот водопад.

Кај овој водопад, водата слободно паѓа од 18 метри височина. Водопадот претставува реткост во оваа недопрена природа, со што ги надополнува природните убавини на Мариово.

vodopad-brnik-mariovo-01
Во минатото месното население се занимавало со производство на жито, за што зборуваат и остатоците од воденици.
Воденицата пред водопадот на Брничка Река, била воденица за мелење на жито , која била употребувана од жителите на околните села Маково, Рапеш, Брник и Орле, затоа што волетниот период овие села немале вода.
За жал денес се останати само остатоците од таа воденица.
Исто така постојат и остатоци од доводниот канал за воденицата на Црна Река.

made with love from Joomla.it