Во јама над Градешница каде што биле овчарите со овците паднале два брава и како што раскажуваат старите после еден месец излегле во Грција кај морето (кај Солун) ама без волна.
Видео снимено во близина на куќата на Калеш Анѓа. 15 март 2014
Видео снимено од Тврдината Пешта 15 март 2014. Поглед кон с. Старавина, границата со Грција и другите делови на Мариово
Видео снимено од Тврдината Пешта 15 март 2014. Поглед кон с. Градешница, с. Старавина, границата со Грција и другите делови на Мариово
Градот Пешта кој се наоѓа на висорамнината над Старавина, во атарот на село Градешница, бил заграден со висок ѕид од 3 метри.
Градот Пешта со вода се снабдувал од изворите во близина на манастирот Св. Илија кои се наоѓале на растојание од 10-15 километри, а од таму со ќунци била донесена до градот.
Од манастирот св. Илија не треба да земаш вода за дома туку само за на терен. Интересно за овај извор е верувањето кај месното население, дека „Вода од Брен, не се носи за дома".
Имало два змеја, еден наш и еден грчки. Грчкиот змеј се заљубил во сестрата на македонскиот змеј Јана.
Пред сто-двеста можеби и повеќе години Итар Пејо се родил во с.Железнец, каде реката Црна на селаните им е истум до газот.
Се родило дете со крилја. Мајка му го криела долго време. Свекрвата еден ден и рекла, снао долго време детево не ни го даваш да го видиме, да го искапиме, а нас ни е мерак, знаеш посебно за машките деца.
Некојси Дошо бил козар, пасел бројно стадо кози. Имал и крупни прчови.
Општина Новаци - Проект Жива Историја Жива Природа - Емисија во продукција на Тера Телевизија
Едно време не знам пред колку години дедо ми расправаше една прикаска. Он ми кажуваше дека некое време си имало змеови како човек да шетат.
На местото викано Тумба на крајот од селото се верува дека имало Змеј кој ги чувал, лозјата, нивите, шталите, имотите на селаните од ламјата.
Змејца е една пештера во реонот на мариовското село Градешница Местото некогаш се викало и Змејова дупка.
Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 50 км од Битола. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај - Зовичкиот Мост.
Имало во Старавина стари лозја, ова било погодно место за лозје. Грозјето се обработувало во природни камења за вино.
Трајко Огненовски посветен на проучувањето на ликот на Итар Пејо трагајќи низ светската и македонската литература открива дека ликот на Итар Пејо
Градешница како место се формирало од две други населби.
Селото Старавина е најпознато според локалната хероина Калеш Анѓа.
Страница 1 од 2