Местото викано Ржта

Категорија: Преданија - Legends - Μύθος

Ламјата, која била голема - со големи усти, заминала по полето житото да го собере.

Змејот ја видел и се пуштил по неа. Ламјата избелага горе во боровата шумата, а змејот по неа. Поминала над местото викано петте чешми. И пошла во боровата шума, а таму змејот ја стигнал. Кога ја стигнал ја отепал таму и тогаш ламјата ја повратила ржта што ја изела од полето. И после тој настан 2-3 години на тоа место никнувало Рж. И по тој настан, по таа легенда тоа место се вика Ржта.

Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014