Владимир Кузманов - Експертски извештај за истoриските знаменитости во општина Новаци

Категорија: Документи - Documents - Εκθέσεις εμπειρογνωμόνων

Ако некоја област во Македонија е позната, специфична и значајна во поглед на историја, традиција, култура, етнологија тоа дефинитивно е Мариово. Мариово е исто така необична и по својата природна убавина и по својата местоположба.

Специфична е по својата местоположба која заградена со планинските венци е изолирана од околниот свет, специфична е по своите природни богатства кои оддаваат слика дека се наоѓате во најубавото место на светот.
Во Мариово постојат траги на живот уште од најстарите времиња. Материјалните докази сведочат за цивилизација во Мариово од најмалку два милениума.
Но, можеби најпознато е по славното историско минато. По македонската хероина Калеш Анѓа од Старавина, потоа прославениот војвода Толе Паша од Крушевица, Трајко Кралот од Брник,Ѓорѓи Сугарев, Калеш Анѓа, Мариовските буни и многу други личности и настани кои ја симболизираат непокорноста на маривоскиот крај.
Исто така Мариово е надалеку познато и по познатата мариовска женска носија и по еден од најпознатите ликови од делата на Марко Цепенков, Итар Пејо од Градешница.