Марија Ѓеорѓиева - Брник, Будимирци, Градешница

Категорија: Документи - Documents - Εκθέσεις εμπειρογνωμόνων

Општина Новаци се наоѓа во Јужниот дел на Република Македонија. Сместена е во југоисточниот дел на Пелагониската рамнина, централниот дел на течението на Црна Река, битолскиот дел на Мариово и пограничниот дел со Грција.

Како најголема котлина во Република Македонија, Пелагонија, денес се протега меѓу две држави Република Македонија и Република Грција.
Вкупната површина на Новаци изнесува околу 70.000 ха. Денес, од вкупниот број села на општината Новаци, голем дел припаѓаат во Мариовскиот дел на Битола и тоа: Градешница, Старавина, Будимирци, Петалино, Ивени, Груништа, Зовиќ, Брник, Рапеш, Орле и Маково.
Освен споменатите три области, региони на Мариово, народот што живее во Мариово според течението на Црна Река областа ја дели на Мало Мариово(лева страна од реката) и Старо (Големо) Мариово (десна страна од реката).
Мариовскиот дел од општината Новаци како еден од еколошки најчистите региони во Македонија располага со огромни површини на пасишта, шуми, води и со голема разновидност на животински и растителен свет.
 На територијата на, Мариово постои голема разновидност на вегетација и богатство на растителни елементи, меѓу кои важно место секако заземаат и лековитите растенија.
 Од животинските  заедници голем дел се со посебно ловно стопанско значење, додека пак, од  ихтофауната, во Црна Река истражени се повеќе видови риби.
Важен податок за овој регион е тоа што располага со минерални суровини, енергетски извори, метали и неметали, што го прави интересен терен за проучување и од геолошки аспект. Бидејќи, во неговиот состав влегуваат геолошки  формации од најмладата до најстарата геолошка старост.
Меѓу енергетските суровини со кои располага овој регион, важно е да се спомени мариовскиот јаглен или уште популарно наречен и “камен јаглен”.
Се разбира дека во овој контекст,заслужено, може да се спомени и за рудникот Алшар. Овој рудник е геолошки истражуван, при тоа, геолошките истражувања резултирале со  откривање количество руди на лорандит, антимон, аресен и талиум. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвената Долина, е вистинска енигма за научниците. Исто така, е и значаен флористички локалитет кој што се карактеризира со присуствона растителните видови: алшарска темјанушка-Viola allchariensis и арсенска темјанушка-Viola arsenica, кои претставуваат македонски ендемити.


Главен акцент во овој извештај ќе ставиме на живата природа и живата историја во селата: Брник, Будимирци и Градешница, кои припаѓаат на Битолскиот дел од Мариово. Во таа насока се поставени следните цели:
•Жива природа и жива историја на село Брник;
•Жива природа и жива историја на село Градешница
•Жива природа и жива историја на село Будимирци