Нане – Mentha piperita

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Нането е повеќегодишна зељеста билка со висина од 50-100 cm.

Стеблото е разгрането и има четириаголна форма, лисјата се долги и назабени и со препознатлива арома на мента. Цветовите на нането се групирани во гроздови и имаат виолетова боја. Родот menthe е нашироко распространет, сепак повеќе растат во влажни средини и на влажни почви. Нането цвета од јуни до септември. Ова растение е едно од најлековитите на нашето поднебје. Нането е многу добро средство за смирување на различни здравствени тегоби,а покрај тоа има и пријатен вкус. Како природен лек се употребува при :  стомачни заболувања (грчеви и надуеност), заболувања на дишните патишта, цревни заболувања и заболувања на црниот дроб и жолчката. Етеричното масла од нане исто така има широка палета на дејство и тоа : антимикробно, антифугацидно, антивирусно, спазмолитично врз системот за варење. Денес нането, односно чајот од нане највеќе се користи при воспаленија на слузокожата во устата, како инхалатор кој поволно делува на дишните патишта, лек против несоница, како облога при уморни и зацрвенети очи. Чајот од нане исто така делува смирувачки, ги јакне нервите и го подобрува апетитот. Лековитоста на оваа билка е доста голема, а скоро и нема болест која нането не ја лекува.

01-nane

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски