Орев – Juglans regia

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Оревот е отпорно и витално листопадно дрво, кое расте како самоник во шумите и на влажни места.

Ова дрво не сака терени кои се изложени на силни и ладни ветрови, како и места каде има големи температурни промени. Светлината и благиот ветар претставуваат главни развојни фактори за оревот. Тоа е дрво кое импонира со неговата висина затоа што често достигнува и до 25 метри. Лисјата на оревот се големи и со долга дршка на која се сместени неколку лисја. Цветовите се наоѓаат на врвот на гранката и се во форма на реси, а плодот претставува јатка, завиткана во цврска кора. На овие простории оревот се засадува поради неговиот квалитетен плод, кој заедно со листот од оревот се користат како лек. Листовите се употребуваат против кожни болести , гнојни рани, херпеси, егземи и чиреви. Чајот од лисјата од оревот има антибактериско, дигестивно и аперативно дејство, се употребува против глисти, запек, брадавици, ја прочистува крвта од отровни материи, го зголемува апетитот и го зајакнува организмот. Оревот е еден од ретките плодови кои содржат омега-6 масни киселини кои му се потребни на нашето тело. Оревите се доста моќни кога е во прашање антиканцерогеноста како и здравјето за срцето. Го чуваат здравјето на коските, помагаат за полесен сон и за регулирање на телесната тежина. Плодот од оревот е богат со минерали и витамини Е и Ц.

07-orev

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски