Пелин – бел, црн, комфорен

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Пелинот е трајна билка со разгрането стебло, полугрмушест облик и со висина до 1 метар.

Лисјата на пелинот се перјасти, влакнести и со мали дршки, а цветовите се ситни и со жолта боја. Расте во полиња, покрај патишта и на запуштени места, особено на суви, сончеви и карпести падини. Има јак и пријатен мирис и доста горчлив вкус. Иако ова растение е симбол на горчина, името поекнува од грчкиот збор “артемис“ што значи здрав. Има три видови на пелин :
-Бел пелин – Artemisia  absinthium
-Црн пелин-  Artemisia vulgaris
-Комфорен пелин- Artemisia comphorota
Пелинот е познат како најсилен отров против паразити, како и моќен лек против маларија. Пелинот покрај овие има и многу други лековити својства како што се : гастритис, подобрување на работата на жолчниот меур, го стимулира менструалниот циклус, спречува висока температура, го подобрува варењето, помага при несоница, дијабетес и друго. Во народната медицина често се користи за лекување на болести предизвикани од нарушен метаболизам, како што се дебелина, гихт, ревматизам и депресија.

09-pelin

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски