Папрат – Aspidium filix mas

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Папратот е повеќегодишно растение кое расте во висина од околу 20–30 cm.

Папратот се разликува од семените растенија по начинот на размножување бидејќи папратот нема цветови и семиња. Папратот има многу листови кои се групирани и двострано поделени во вид на перја и имаат темнозелена боја. Папратот вирее во влажни шуми и тоа главно покрај потоци и извори. Папратот нема многу лековити дејства и неговата употреба мора да биде под надзор на лекар поради опасност од труење, оштетување на видот и канцерогени дејства. Имено за лек се користи коренот на папратот и тоа при пелтечење во говорот и против мигрена, а чајот од папрат се користи за проширени вени.

03-paprat

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски