Црна рибизла – Ribes nigrum

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Оваа билка спаѓа во родот на грмушки и е повеќегодишно растение со висина до 2 метри.

Гранките и стеблото на ова растение се голи, лисјата се наизменични а на опачината имаат мали влакненца. Цветот кај рибизлата е ситен и може да биде виолетов, зеленкаст или розев, а плодот е тркалезна бобинка со црна боја и кисел вкус. Рибизлата добро успева во области кои се карактеризираат во области со свежи лета, со поголемо количество на врнежи, и повисока влажност на воздухот. Освен тоа ризиблите спаѓаат во овошни видови со најголема отпорност на нисти и зимски температури дури до -30 степени целзиусови. За лек се користат листовите и плодовите од рибизлата. Плодот е особено богат со витамин Ц и затоа се употрбува против авитаминоза Ц. Рибизлата се смета за овошје кое има најголем извор на антиоксиданси, се употебува за зголемување на апетитот и јакнење на имунитетот, а се употребува за зајакнување на видот и капиларите.

13-ribizla

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски