Риган – Origanum vulgare

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Стеблото на риганот е исправено и високо до 70 цм. Лисјата се јајчести, а цветовите се ситни, имаат розово-виолетова боја и се наоѓаат на врвот на гранчината.

Риганот има прјатен мирис и вкус, и е широко распространет, расте на планинските ливади, пасиштата и покрај патиштата. Како културно растение се одгледува поради етеричното масло кое се наоѓа во цветовите и има широка застапеност во парфимеријата. Оваа билка се користи за лечење на бронхит, астма, гастритис, диареа, болести на желудник, црева, како и за смирување на нерниот систем. Риганот го стимулира лачењето на дигестивните, потните и бронхијалните жлезди, го подобрува апетитот и има антибактериско дејство. Чајот од риган се употребува за искашлување, за грип, настинка и покачена температура и анти канцерогено дејство.

15-rigan

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски