Салеп – Orchis morio

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Салепот е повеќегодишна билка со стебло високо до 50 цм. Листовите се издолжени а цветот кој е сместен на врвот на билката е во повеќе различни бои.

Расте на ливадите, по ридовите, покрај вода и на повисоки места. Во составот на салепот има слуз, скроб и сахароза што го прави употреблив за лекување на воспаленија во грлото, устата, дишните органи, бронхитис, воспаление на црева и желудник, а се користи и против кашлица.

19-salep

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски