Трнинка – Prunus spinosa

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Трнинката е грмушка висока до 3 метри, и има многу трнчиња. Лисјата на ова растение се јајчести а цветовите бели и многу ситни.

Плодот е топчест, ситен и има сино-виолетова боја. Обично расте на видни места, покрај патишта и на повисоки места. Плодот изобилува со витамин Ц, и има огромно антиоксидационо дејство, и се  користи против воспаленија на органите за варење, дијареа и други цревни заболувања. Освен плодовите, за лек се користат и цветовите од трнинката и тоа против зголемена простата и болести на уринарниот тракт.

25-trnika

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски