Чичок – Artium lappa

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Оваа билка се вбројува во групата на повеќегодишни растенија со разгрането стебло до 1,5 метри и има големи тркалезно-јајчести лисја.

Цветовите на чичокот имаат виолетова боја, се наоѓаат на врвот на билката а по форма се топчести и доста големи. Чичокот се смета за крал на речните брегови, ливадите и полињата и овој на изглед голем плевел крие во себе необична моќ. Чичокот е најголем прочистувач на крвта а влегува и во составот на лосионите за коса во вид на чичково масло кое штити од тешки оштетувања на коренот и опаѓање на косата. Коренот од чичок се употребува како средство против висока температура, при грип и настинка, лечи од камен и песок и други инфекции на бубрези и мочни патишта, болки во желудникот, цревата и црниот дроб.

37-cicok

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски