Даб – Querqus robur

Категорија: Билки и лековити растенија - Herbs and medicinal plants - Βότανα και φαρμακευτικά φυτά

Дабот е многугодишно дрво, високо и до 30 метри, има спирално распоредени листови, а цветовите имаат облик на реси.

Плодот е желад сместен во чашичка со по една семка. Расте во шуми и на поголема надморска височина. Како лек во народната медицина се користи исушената кора и листот. Чајот од даб се користи против воспаление и инфекции на мочните патишта, за заболување на слузокожата во устата и грлото, против крварење од матка и хемороиди, се користи и при лекување на рани и егземи и против дијареа.

47-dab

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски