Месност Пет чешми
На околу 15 км над селото Градешница, се наоѓа извор со вода познат како Пет чешми.
Всушност, на терен се гледа само една чешма а водата од останатите четири се искористува во водоводниот систем.
Имено, преку цевки, од овој извор, со вода се снабдуваат селата Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ.