Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Мајчина душица – Thymus serpyllum

Мајчината душица е грмушеста билка, со висина од околу 20 – 30 см.

На врвот од стеблето се создаваат округли цветови со розова или виолетова боја, кои испуштаат пријатен и јак мирис. Токму поради јакиот мирис кој обично е одбивен за осите, мајчината душица се сади покрај рози и други цветови кои се чувствителни за осите. Оваа билка расте на сончеви места, и има лековити состојки кои се наоѓаат единствено во листовите и цветовите на растението. Од големо значење е тоа што ова растение треба да се бере претпазливо, односно не смее да се кине бидејќи тоа ја уништува билката. Лековитоста на мајчината душица е разновидна, таа има својство да го спречи создавањето на многу патогени инфекции, како препарат за лечење на дишните патишта се покажала ист многу ефикасна. Оваа билка е еден од омилените лекови во народната медицина, која со векови се користи на лечење на органите за варење, дури се употребува и против цревни паразити, најчесто детски глисти, уште се користи при кашлица, за лекување на жолчка и црн дроб, за нервни болести, епилепсија,  слабокрвност, алкохолизам, грчеви во стомакот и уште многу други работи. Мајчината душица може да се користи како чај, зачин, масло и антисептичко средство.

01-majcina-dusica

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски