Gratis Joomla Templates by Hostmonster Coupon

Магдонос – Petroselinum sativum

Магдоносот е двегодишно растение со темнозелена боја, кое се користи како зачин.

Ова растение потекнува од Иран. Магдоносот расте како самоник или се одгледува како градинарска култура. Цветовите на ова растение се мали со зелена боја и пријатен и освежувачки мирис, а висината на стеблото е до 50 cm. магдоносот нема високо калорична вредност, но е иклучително богат со минерали и витамини, па затоа е и една од најздравите и најлековити билки. Листовите на магдоносот се доста богати со витамини пред се со витамин Ц, витамини од групата Б, дури го содржи и реткиот витамин Б12. Оваа билка е и природна ризница на многу минерали, половина од содржината на минерали припаѓаат на калиумот, кој е клучен минерал неопходен за здравјето на организмот, а другата половина ја сочинуваат други корисни минерали како што се: железо,калциум,магнезиум и други.Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство, токму поради богатството на витамини и минерали во неговиот состав. Тој пред се е јак природен деуретик, ја подобрува работата на бубрезите и е познат како природен чистач на организмот,бидејќи помага во исфрлање на отровите од организмот. Затоа се смета и за природен лек за намалување на висок крвен притисок. Неговото лековито дејство е огромно, уште се користи и при заболувања на црниот дроб,органите за варење и сл.

05-magdonos

ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните  знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски