Овчарска торбичка – Capsella bursa-pastoris
Овчарската торбичка има исправено, слабо разгрането стебло кое расти до 50 cm.
Лисјата му се покрупни и перјесто распределени, а цветовите се бели и ситни и обликуваат гроздови. Овчарската торбичка расти насекаде. Оваа билка треба да се бере додека е помлада, затоа што тогаш е најлековита. Се употребува при болести со мускулите, зглобовите како и против сите видови крварења, односно крварење од нос, желудник, црева, хемороидално крварење, крварење на матката, при продолжено и засилено менструално крварење. Исто така се користи и за лекување на тумори на матка и за регулирање на крвниот притисок.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски