Планински чај – Sideritis scardica
Планинскиот чај е едногодишна билка, со исправено четириаголно стебло со висина од 60 cm.
Листовите се долги и слоевити кои се заоструваат на врвовите. Цветовите се наоѓаат на врвот од билката во соцветија и имаат жолта боја. Расте на поголема надморкса височина во суви предели и песокливи почви. Оваа билка цевта од крајот на мај до август во зависност од надморската височина. Планинскиот чај е високо ценета билка во народната медицина. Чајот се прави од надземниот дел на билката која има специфичен пријатен мирис и вкус. Се употребува како универзален лек против грип, настинки, воспаленија, бронхитис и за јакнење на имунолошкиот систем. Го намалува ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и инфаркт, а помага и при заболување на простатата, бубрезите и уринарните канали. Научните истражувања покажале дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција во борбата против ракот. Оваа доста користена билка на нашите простори уште се користи како превенција во лечење на органите за варење, против надуеност, дијареја, астма и болести на црниот дроб и жолчката.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски