Шипинка – Rosa canina
Шипинката е повеќегодишна листопадна грмушка која може да достигне висина од 1-5 метри.
Младите гранки се покриени со боцки, листовите се елиптични а цветовите се бели или розеви кои даваат црвени овални плодови по кои шипинката е многу позната. Шипинката содржи големо количество на витамини, органски киселини, шеќери и други корисни материи. Се користи при авитаминоза Ц, инфективни заболувања а поради деуретичното дејство се користи за болести на уринарниот тракт против артериосклероза, намалување на маснотиите во крвта и високиот крвен притисок со што го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски