Дрен – Cornus mas
Дренот е листопадна грмушка со среден или висок раст и до 5 метри.
Кората од стеблото е сивкаста, лисјата јајчести благо накривени со карактеристични јаки жили. Цветовите на дренот имаат жолта боја и цветаат во рана пролет. Плодот е со овален облик и црвена боја. Дренот поволно делува на слузокожата на цревата, за лечење на дијареа и други цревни заболувања. Од плодот се прави сок од дренки и мармалад кој е особено корисен за децата.
ПРОЕКТ ЖИВА ИСТОРИЈА-ЖИВА ПРИРОДА
Експертски извештај за природните знаменитости во општина Новаци
Изработил: Божидар Бошковски