Манастирот Свети Димитрие се наоѓа во рамките на второто предградие на средновековниот град Чебрен, на десниот брег на реката Црна.
Црквата Свети Спас која се наоѓа во непосредна близина на Чебренскиот манастир - лево од земјениот пат што води до манастирот, лоцирана на едно возвишение над Црна Река, е надвор од последниот, третиот одбрамбен ѕид на средновековниот град Чебрен.
Чебрен е место во Мариово со богато историско минато. Атарот на Чебрен, денес потпаѓа под селото Зовиќ, односно Oпштина Новаци.
Видео снимено во близина на Манастирот Чебрен, Мариово 23. Март. 2014