Дошов камен - с. Градешница
Некојси Дошо бил козар, пасел бројно стадо кози.
Имал и крупни прчови.
Некои биле поголеми од Дошо.
Кога еднаш Дошо, пасејќи ги козите, се искачил на еден висок камен, истрчал еден прч и му ги ставил предните нозе на рамена, во знак на блискост. Но Дошо не можел да се додржи од тежината на прчот и се струполил од каменот -паднал врз остри помали камења и останал на место мртов. Така го загубил животот на остриот камен кој е како делкан.
Оттогаш каменот градешничани го викаат Дошов камен.
Дпне Панoвски, Лагенди oд Мариoвo и Меглен, oбјавненo вo Збoрник, Фoлклoрoт и етнoлпгијата вo Мариoвo и Меглен, Прилеп 1994 гoдина, 112 стр.
Експертски извештај за природните /историските знаменитости во општина Новаци
Тема: ТРАДИЦИЈАТА И ЖИВОТОТ ВО МАРИОВСКИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Изработил: М-р Игор Тасевски
Април 2014